Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Флик: Барселона фаворит за титулата во ЛШ? Треба да…

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Барселона со втора победа над Бенфика го потврди пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Каталонците славеа со 3-1 на реваншот на „Монжуик“ и со вкупни 4-1 дојдоа до Топ 8 фазата во елитното натпреварување каде утре ќе го дознаат наредниот ривал и тоа по мечот во Франција каде Лил ќе го пречека составот на Борусија Дортмунд.

-Секако дека сум среќен. Ја почитувавме Бенфика, нивниот тренер. Беше тежок натпревар за нас, но бевме добри, -истакна тренерот Ханси Флик кој е задоволен што талентираниот Ламин Јамал се запиша во листата на стрелци.

-Среќен сум порад него, немаше дадено гол подолго време, -кратко искоментира Германецот.

Флик беше и прашан дали неговиот тим е меѓу фаворитити за пехарот, прашање на кое одговори:

-Треба да видиме со кого ќе играме, -порача предводникот на лидерот во Примера.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни