Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Флензбург без борба до четвртфиналето на Лигата на шампионите

Објавено

на

Германскиот клуб Флензбург се пласираше во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони без да одигра ниту еден од двата планирани дуели во осминафиналето против ППД Загреб.

Хрватскиот првак имаше повеќе заразени ракометари со коронавирусот, поради што мораше да бидат разгледани сите солуции од ЕХФ за задржување на регуларноста, но и обид во следната рунда да оди екипата која ќе биде подобра во натпреварувачки двомеч.

Сепак, Европската ракометна федерација денеска соопшти дека и покрај флексибилноста на двата клуба и желбата натпреварите да се одиграат, ППД Загреб не можел да формира состав кој е доволен за натпреварите, па е донесено решение Флензбург да се пласира во следната рунда на Лигата на шампионите.

Според оваа одлука, бундеслигашот во четвртфиналето ќе игра против подобриот од двомечот меѓу Алборг и Порто.

Флензбург ја освои единствената европска титула во 2014 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни