Поврзете се со нас

Англија

Флечер откри како Сер Алекс реагирал кога чул дека сака да си оди од клубот: Имав 15 години, а ми накажа такви работи…

Објавено

на

Дарен Флечер откри една тензична случка со Сер Алекс Фергусон во 2002 година кога тој имал само 15 години.

Тогаш Флечер бил дел од академијата на Јунајтед и поради неговите одлични партии бил блиску да биде вметнат во првиот тим, но пристигнала понуда од Њукасл која го натерала фудбалерот сериозно да размисли за својата иднина.

Кога Сер Алекс чул што планира младиот Флечер, веднаш телефонски се јавил во неговиот дом и како што кажа самиот играч, кој сега е технички директор во Манчестер Јунајтед, Ферги не бил нималку пријатен во разговорот.

– За малку ќе потпишев за Њукасл, бев во Јунајтед од 12 години, а Њукасл во тој момент беше втор најдобар тим во Англија. Сите ми велеа дека Манчестер Јунајтед има одлични играчи од средниот ред и дека никогаш нема да влезам во првиот тим, дека Њукасл ми е поблиску до дома…

– Муабетите стигнале и до Сер Алекс, па тој се јави во мојот дом една вечер, а мојата сестра го крена телефонот. Ми кажа дека е за мене, а шефот тогаш тотално одлепи.

– Имав само 15 години, а тој ми викаше се и сешто на телефон. Мајка ми ме виде и го грабна телефонот, па слушна што зборуваше Ферги. Тогаш само му рече: „Немој да зборуваш со мојот син така повторно“ и му ја спушти слушалката.

– Следната минута телефонот заѕвони повторно, беше Сер Алекс кој и се извини на мојата мајка: „Извинете госпоѓо Флечер, но нас навистина ни се допаѓа вашиот син. Со следниот лет доаѓам во Единбург“.

– Мојата мајка збесна затоа што куќата не ни беше средена и не и се веруваше дека ќе дојдат до Единбург само за да ме видат, -изјави Флечер.

Дарен Флечер остана во Манчестер Јунајтед и следната сезона ја помина со младинскиот тим пред и официјално да биде приклучен на првиот тим во 2003 година. Оттогаш популарниот Флеч остана на „Олд Трафорд“ цели 13 сезони во кои освои пет премиерлигашки титули, како и една титула во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни