Поврзете се со нас

Свет

Фламенго го потврди новиот тренер

Објавено

на

Актуелниот јужноамерикански шампион Фламенго, го потврди името на новиот тренер, кој ќе биде наследник на веќе отпуштениот Витор Переира.

Переира не успеа да обезбеди трофеј во ниту едно од четирите натпреварувања во кои го водеше Фламенго, па сега предизвикот го презема Хорхе Сампаоли.

Аргентинскиот стручњак неодамна доби отказ од Севилја, а сега се сели во Рио, каде ќе го води трофејниот бразилски клуб.

Под водство на Переира, Фламенго остана без трофеј во бразилскиот Суперкуп, Светското клупско првенство, јужноамериканскиот Суперкуп и во државното Кариока првенство.

Бразилските медиуми тврдат дека прв избор на Фламенго бил Жорге Жезус, но клубот морал да оди на друга солуција и го избрал поранешниот селектор на Аргентина и Чиле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни