Поврзете се со нас

Македонија

ФК Вардар: Згрозени сме од организацијата на мечот со Тиквеш, нашите членови без изложени…

Објавено

на

Средбата меѓу Тиквеш и Вардар не го дочека својот крај и допрва ја очекувама одлуката за мечот кој беше прекинат во самата завршница од судијата Александар Ставрев откако на повреда, удар од домашната публика се пожали неговиот асистент Гоце Петрески.

Од клубот од Кавадарци се јавија со неколку соопштенија, реакции за да сега стигне и одговорот на Вардар кој имаше што да каже за целата организација на мечот од ПМФЛ.

Сооштението ви го пренесуваме во целост:

По вчерашниот натпревар одигран на Градскиот стадион во Кавадарци, би сакале да ја споделиме со јавноста, нашата згрозеност од начинот на кој истиот беше организиран од страна на домаќинот, односно екипата на ГФК Тиквеш.
Условите на кои вчера беа изложени сите членови на нашиот клуб беа и повеќе од скандалозни. Употребата на пиротехнички средства- топовски удари, упатени директно кон нашата клупа, а се со цел нанесување на тешки телесни повреди, константните провокации на лица кои без ниту една легитимација им беше дозволен непречен пристап до делот околу самиот терен и најважното – директниот физички напад на навивачката група на ГФК Тиквеш насочен кон членови на Управата на ФК Вардар, се само доказ дека вчера во Кавадарци, многу нешта не функционираа како што треба!
За жал, сето ова не беше доволен аргумент за Управата на ГФК Тиквеш, која по сите овие збиднувања, на очиглед на целата македонска јавност, не собра храброст да упати знак на поддршка, ниту знак дека ги осудува и дека се оградува од обичните ,,хулигани” затскриени зад одредени локални групи.
Десетина минути траеше нападот врз членови на Управата на Вардар, службени лица, регуларно заведени во официјалниот список, кои патем беа сместени на трибината наменета за домашните навивачи, нешто што не било пракса досега, пропуст кој секако дека фрла дополнителна дамка, но и сомнеж дека целиот настан, со себе носи и одредена режија. Како клуб не би сакале да поверуваме во тие гласини, но тоа на што вчера бевме сведоци, навистина ги остава сите можности отворени.
Исто така, вчера покрај нападите врз членовите на ФК Вардар, се случи и дополнителен немил настан при крајот на натпреварот, кога со тврд предмет во пределот на главата, беше погоден помошник судијата Гоце Петрески. Срамен чин по кој главниот судија Александар Ставрев со право огласи крај на натпреварот, со што се заврши уште една понижувачка приказна, која по којзнае кој пат во кал ги фрли сите вредности и принципи врз кои треба да се гради и напредува мак-фудбалот.
Поради сите наведени причини, бараме од надлежните институции ФФМ и МВР, да постапат сходно Правилникот, односно законот и најостро да ги осудат организаторите, како и сите инволвирани лица кои вчера ја преминаа границата на здравото ривалство и си дозволија личните фрустрации од поразот, да ги употребат како алатка за спроведување на ,,лична правда”, нешто кое е недозволиво, нешто кое никогаш повеќе не смее да се повтори, -порачаа „црвено-црните“.
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни