Македонија
ФК и РК Вардар испратија огромна благодарност до Град Скопје: Ова е голема победа (Фото)
Првиот дел од сезоната беше идентично турбулентен за Вардар како што беше финишот на минатата, бидејќи истата започна со смени на Грнчаров и Бајевски, а заврши со заминување на Васоски.
Во своето проштално писмо, Васоски посочи дека не може да го издржи притисокот поради лошата финансиска состојба, но на крајот на 2023-та година конечно дојде до исполнување на ветувањето кое беше дадено уште на средина на годината.
ФК и РК Вардар ја добија ветената финансиска помош од Градот Скопје, па обезбедените суми треба да донесат доста помирно работење за клубовите во наредните неколку месеци.
– Во името на клубот се заблагодаруваме на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, како и на сите советници кои едногласно ја донесоа и спроведоа одлуката за доделување на финансиска помош за најголемиот фудбалски клуб – ФК Вардар. Упатуваме благодарност и до нашата верна навивачка група „Комити Запад“ која во текот на целиот изминат период, неуморно работеше на реализацијата на донесената одлука.
– По сите перипетии, ова е прва голема победа и доказ дека искрената приказна која народот веќе подолг временски период ја создава, станува се повеќе препознатлива и привлечна. Оваа одлука несомнено ќе влијае позитивно, пред се врз фудбалерите, врз стручниот штаб, но и врз оние кои во моментов ги менаџираат сите работи поврзани со клубот, а кои без разлика на се, ќе продолжат волонтерски да си ги извршуваат своите функции. Веруваме дека соработката ќе продолжи и во наредниот период и дека ќе биде поттик за сите останати општествени чинители, за да се приклучат кон борбата за клубот на народот. За крај, би сакале на сите навивачи на клубот, но воедно и на сите граѓани на Република Македонија, да им ја честитаме новата 2024 година. Нека биде победничка за нашиот Вардар, нека биде црвено-црна! Борбата продолжува, – порачаа од ФК Вардар.
– Македонскиот ракометен бренд Вардар 1961 упатува огромна благодарност до Советот на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска бидејќи ги препознаа и ги поддржаа напорите на клубот да остане голем амбасадор на Скопје. Благодарни сме што за првпат во историјата на клубот, градот застана зад нас и потврди дека спортот е еден од вистинските репрезенти на Скопје, а Вардар 1961 препознатлив спортски белег.
– Секоја помош и поддршка е добредојдена, и значи исполнување на целите кои секогаш се поврзани со остварување на највиските резултати, привлекување на нови млади ракометари, и создавање на здрави навики на младите преку промовирање на спортот на начин на живот. Заедно се радувавме на многу успеси, и ветуваме дека и во иднина ќе бидеме спортската гордост на Скопје, – порачаа од РК Вардар.
-
Шпанијапред 20 часа
Фудбалската среќа му се насмевна на Реал, „кралевите“ победија со удари од 11 метри (Видео)
-
АТПпред 21 час
Ѓоковиќ: До крајот на кариерата ме интересираат само две работи во тенисот!
-
Светпред 20 часа
Олимпија Милано ја сподели спектакуларната тројка на Димитријевиќ на дебито против Фенербахче (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Прв кандидат за гол на сезоната во Премиер лигата: Дуран испали „проектил“, Мартинез се фаќаше за глава (Видео)
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг се пожали по победата на Јунајтед: Добиваме нефер третман од Премиер лигата
-
Италијапред 20 часа
Заканата од тифозите вроди со плод: Милан ја уништи Венеција за 29 минути (Видео)
-
Светпред 23 часа
Некои работи не се менуваат: Откачениот Диего Коста физички нападна тинејџер од противничкиот тим (Видео)
-
Шпанијапред 22 часа
Ханси Флик со искрен совет со Јамал: Ако сака да биде голем шампион…..