Поврзете се со нас

Боречки спортови

Фјури за неспортскиот потег на Вајлдер по претрпениот пораз: Лош губитник, се молам за него (Видео)

Објавено

на

Тајсон Фјури го одбрани својот појас во ВБЦ категорија и го нокаутираше Деонтеј Вајдлер во бокс-спектаклот во Лас Вегас, битка која Британецот ја доби благодарение на неверојатната истрајност и отпорност на тешките удари (двапати беше на подот), но и поради извонредната тактичка и физичка подготовка.

Фјури со интелигентните движења и удари беше во постојана предност со исклучок на рундата кога двапати се најде на подот, а во 11-та рунда, му зададе моќно десно кроше на противникот и стигна до своја втора победа во „трилогијата“ со 35-годишниот американски боксер.

Вајлдер тешко го прифати поразот и не сакаше да му подаде рака на Фјури кој џентлменски дојде да се поздрави со противникот, што предизвика да следи и дрска изјава од старо-новиот шампион во ВБЦ категоријата.

– Одново и одново докажувам дека никогаш не смеете да ме отпишете. Ова не беше моја најдобра борба, но го извлеков најдоброто кога беше најпотребно.

– По борбата му пријдов и му реков „секоја чест“ за борбата, а тој ми порача дека не сака да покаже никаква почит кон мене. Да, ми го кажа токму тоа. Тоа навистина ме изненади. Тој е лош лузер и идиот. Се молам за него и благодарен сум што двајцата си одиме од оваа борба без никакви тешки последици, – изјави Фјури кој стигна до својата 31-ва победа во кариерата, во која има и едно реми, остварено токму против Вајлдер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни