Фјури и Вајлдер физички се закачија на последниот прес: Беше заробен во кокаин и сакаше да се самоубиеш! (Видео)

fjuri-vajlder

Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури денеска ја одржаа последната прес-конференција во пресрет на мега борбата која е закажана за оваа сабота во Лас Вегас, битка која всушност ќе претставува реванш и реприза на спектаклот кој го гледавме пред 14 месеци.

Тогаш, двајцата боксери понудија фантастична борба во рингот и на крајот заврши нерешено, а целокупната боксерска јавност излезе со заклучок дека тоа беше една од најдобрите борби во последните 20 години. Со оглед на тоа што не се очекува ништо помалку на втората борба која ќе се одржи во „Гранд Гарден арена“, двајцата борци дополнително ја подгреаа атмосферата пред случувањето, такашто денеска си разменија доста пцовки, погрдни зборови, а во еден момент реагираше и обезбедувањето откако двајцата почнаа да се туркаат.

– Ќе му кажав во сабота кој е подобар. Јас го донесов до овој степен, јас те донесов на тронот на светскиот бокс. Ако сакаш, ќе те нокаутирам уште тука, – му порача Фјури на Вајлдер, на што овој одговори.

– Кога те најдов, беше заробен во кокаин. Беше голем колку куќа и размислуваше на самоубиство. Немој да ми кажуваш дека ти си ме донел на врвот, јас те донесов тебе во големиот бокс, – одговори Американецот.

Facebook Коментари