Поврзете се со нас

Боречки спортови

Фјури се фати на „мамката“: Би ги претепал и двајцата во една вечер

Објавено

на

Олександр Усик по победата над Ентони Џошуа истакна дека би се вратил во рингот само доколку за противник го добие Тајсон Фјури, актуелниот шампион во верзијата ВБЦ.

Фјури по борбата во Лондон, на социјалните мрежи објави видео на кое најавува дека ќе се врати во рингот за да ги пребие и двајцата боксери.

Според Тајсон Фјури, бокс мечот меѓу Џошуа и Усик бил најлошото нешто што можело да се случи во овој спорт.

– Ќе бидам искрен откако го погледнав ова. Двајцата беа срање. Ова беше една од најлошите борби за шампион во тешка категорија кои сум ги видел. Сра*е!

– Би ги претепал двајцата во иста вечер. Еб*но сра*е! Извадете ги чековните книшки затоа што „Џипси Кинг“ се враќа, -порача Тајсон Фјури преку видео порака.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни