Поврзете се со нас

Боречки спортови

Фјури предвиде колку ќе трае неговата борба со Џошуа

Објавено

на

Тајсон Фјури со нетрпение очекува договор за борба со неговиот сонародник, Ентони Џошуа, а за истата во моментов преговараат претставници на двете страни.

Дуелот Фјури-Џошуа за победникот ќе означи обединување на сите појаси за титулата светски боксерски шампион во тешка категорија, а Фјури е убеден дека ќе победи експресно.

– На последните две борби тој не беше во форма, додека јас боксував во одлична форма. Моментумот ќе биде на моја страна.

– Верувам дека ќе ја завршам работата брзо, можеби во првата или втората рунда. Не сум убеден дека е толку добар како што веруваат луѓето или пак нема доволно самодоверба.

– Има проблеми со самодовербата, зад себе има две неубедливи борби, а во боксот и формата е многу важна, можеби и одлучувачка, – изјавил Фјури во последното интервју.

Тој има само еден појас, додека Џошуа е сопственик на појави во три верзии, што значи дека победникот ќе биде апсолутен светски шампион во тешка категорија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни