Боречки спортови
Фјури објави крај на кариерата со мистериозна порака (Видео)

Тајсон Фјури претрпе нов болен пораз од Александер Усик, па иако веднаш по крајот на борбата најави дека има големи шанси да се повлече, ова попладне и дефинитивно ја потврди оваа вест.
Големиот шампион беше непоразен во кариерата се до пресметките со извонредниот Украинец, од кого загуби по две големи битки во кои пресудни беа судиските одлуки.
Фјури остана цврсто да стои со нозе во рингот по 12 комплетирани рунди во двете исцрпувачки борби, но судиите му даваа предност на Усик, кој сега се покажува како боксер кој го испраќа „Џипси Кинг“ во пензија.
– Поздрав до сите, ќе бидам краток и јасен. Сакам да објавам дека се повлекува од боксот. Беше неверојатно искуство, уживав во секоја минута…., – започна Фјури, кој потоа се одјави со бизарна и мистериозна порака.
– Дик Турпин (англиски разбојник од 18-от век) носеше маска….. Бог да ве благослови, се гледаме на другата страна, – заврши за крај Фјури.
🚨 Tyson Fury has just announced his retirement from boxing 😮
📹: @Tyson_Fury pic.twitter.com/AOiDJYA17V
— Boxing on TNT Sports (@boxingontnt) January 13, 2025
Фјури и претходно во кариерата знаеше да објави дека се повлекува, за потоа да се врати, но сега навистина големи се шансите дека не „блефира“ и дека Британецот заврши со своите настапи во професионалниот бокс.
-
НБА14 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Балкан13 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија23 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…
-
Лига на шампиони14 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..