Поврзете се со нас

Боречки спортови

Фјури му се закани на Џошуа и предвиде колку рунди ќе му бидат потребни за да го нокаутира

Објавено

на

Антони Џошуа го нокаутираше Кубрат Пулев и ги одбрани појасите во тешка категорија, а веднаш по борбата во Лондон, беше запрашан дали е подготвен за спектакуларната битка која ја чека цела британска, но и светска јавност.

Џошуа одби да го именува Тајсон Фјури и нагласи дека е подготвен за било кој следен противник кој сака да се бори за појасите, по што популарниот „Џипси Кинг“ брутално распали по својот ривал со кого едвај чека да се сретне во рингот.

Нивата борба за споменува подолго време во јавноста, но засега никогаш не се конкретизираше, но сега сите во Британија се убедени дека двајцата мора конечно да ги одмерат силите во 2021-ва година.

– Еве, сите видовте, Антони Џошуа се посра во живо на телевизија кога беше запрашан за нашата борба и го стави својот задник во аголот. Јас ја сакам таа борба, сакам таа борба да биде следна, ве уверувам дека ќе го нокаутирам во три рунди.

– Тој е голем глупак и не можам да го дочекам моментот кога ќе го нокаутирам, – порача Тајсон Фјури.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни