Фјури испрати порака до Кличко: Ќе те следам и во кошмарите

Tyson-Fury-and-Wladimir-Klitschko

Тајсон Фјури својата најголема победа во кариерата ја оствари против Владимир Кличко, а иако одамна не е активен во рингот, реши да испрати порака до браќата Кличко и посебно до Владимир кој неодамна реши да ја заврши професионалната кариера.

– Владимир не знам зошто си толку горчлив за поразот од циганскиот крал, секогаш зборуваш за поразот од Џошуа и колку е добар, но на крај на денот велиш дека вашата борба била 50:50 до последниот момент. Во нашата битка ти не успеа да пласираш удари, јас бев причината за тоа, ја играв мојата игра. Но, ти сепак велиш дека Џошуа е подобар. Знам дека јавно нема да признаеш, но ти ја знаеш вистината, исто како и Витали, не очекувам нешто повеќе од вас момци. Ќе се справам со вашиот мал брат Џошуа на истиот начин на кој се справив со вас, ќе си поиграм со ку.ката. Секогаш ќе те следам и во кошмарите Кличко, а вие ќе знаете дека не сте можеле да победите еден дебел циган. Со најдобри желби, Тајсон Фјури, – стои во пораката која Фјури ја испрати до браќата Кличко преку социјалните мрежи.

Фјури го победи Кличко пред речиси две години со што стана светски шампион во тешка категорија, но во меѓувреме депресијата и наркотиците го одбоија од боксот и појасите во верзиите кои ги освои. Сега ирскиот боксер најавува големо враќање и дуел со актуелниот шампион Ентони Џошуа со што би си го вратил приматот број еден во светот.

Facebook Коментари