Боречки спортови
Фјури го претепа Чисора, па двајцата заедно јадеа хамбургери по крајот на борбата (Видео)

Тајсон Фјури го претепа Дерек Чисора и ја затвори оваа боксерска „трилогија“ со трета победа во меѓусебните дуели, но двајцата тешкаши по крајот на борбата покажаа дека имаат изградено навистина добар и пријателски однос.
Фјури беше доминантен во текот на цела борба и заслужено го одбрани појасот во ВБЦ категорија, а борбата беше прекината во 10-та рунда кога судијата Виктор Лоуглин процени дека Чисора изеде премногу ќотек за да остане на две нозе.
Популарниот „Џипси Кинг“ уште еднаш покажа дека е недопирлив кога се во прашање борбите во тешка категорија и веднаш по победата го бакнуваше Чисора, но го прозва и Усик со кого сака да се пресмета во рингот во својата следна спектакуларна борба.
За работите да бидат уште поинтересни се погрижи и самиот Украинец кој се качи на рингот и мирно ги слушаше заканите од Фјури, кој пак беше комплетно различно расположен кога е во прашање Чисора.
Откако завршиле сите активности на рингот и надвор од него, двајцата одвоиле време за себе во подтрибинскиот простор и се почастиле со по неколку хамбургери за да ја надокнадат енергијата загубена за време на борбата.
🍔 @Tyson_Fury and @DerekWarChisora share a Five Guys after their fight.#FuryChisora pic.twitter.com/emhjiTFGxU
— Frank Warren (@FrankWarren) December 4, 2022
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 21 час
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
АТПпред 22 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Македонијапред 20 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 14 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар