Поврзете се со нас

АТП

Фиш: Луѓето не го сакаат Ѓоковиќ поради една причина (ФОТО)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ на „Ју-Ес Опен“ ја брка 21 грен слем титула, тутула со која би поставил нов рекорд, односно би ги надминал Рожер Федерер и Рафаел Надал.

Ова секако би бил огромен резултат за Ноле кој ако слави во Њујорк ќе дојде и до календарски грен слем. До тоа го делат три победи, а освен противниците на патот до тоа ќе се обидат да го спречи и дел од публиката кај кој не е омилен, па еден интересен коментар на оваа тема имаше Марди Фиш.

Американецот во кариерата освои 6 титули и своевремено беше 7 најдобар играч на светот и според него дел од луѓето не го сакаат Ѓоковиќ поради една причина-тој ги победива нивните омилени играчи.

-Чувствувам дека луѓето не го сакаат Новак затоа што тој ги поведува нивните омилени играчи. Луѓето многу ги сакаат Рожер и Рафа, Ѓоковиќ никогаш нема тоа да го добие. Новак ќе ја заврши кариерата со најмалку 23 грен слем титули, -порача Фиш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни