Поврзете се со нас

Англија

Фирмино се отвори за кавгата меѓу Мане и Салах: Тие никогаш не беа најдобри пријатели

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Роберто Фирмино е доста популарен во последните неколку дена со својата автобиографска книга „Си Сењор“, а во истата има и детали за тензичниот момент кој го имаа Мо Салах и Садио Мане на еден премиерлигашки натпревар против Барнли.

Сенегалецот беснееше на себичниот Салах и буквално не можеше да се соземе кога не доби топка во чиста ситуација од својот соиграч, па тогаш цела јавност дозна за интерната нетрпеливост која беше добро чувана тајна од сите во Ливерпул.

– Ги познавав двајцата многу добро, можеби подобро од било кој друг. Јас бев на теренот и често бев на средина од нив двајца. Прв ги видов погледите, гримасите, нервозните реакции и говорот на телото. За многумина таа караница против Барнли беше прва за Салах и Мане, за многумина беше прва и последна, но јас знаев дека тоа се крчкаше една сезона наназад, тоа почна од сезоната 2018/19.

– Моја задача беше да ја смирам тензијата меѓу нив, да додадам вода на огнот, никогаш бензин. Тие никогаш не беа најдобри пријатели, секој си беше посебен. Не можевте да ги видите често како зборуваат, не знам дали тоа беше така поради ривалството кое го имаа меѓу Египет и Сенегал. Сепак, секогаш се однесуваа како големи професионалци и имаше обострана почит.

– Јас никогаш не избрав страна и затоа ме сакаат. Секогаш ја додавав топката до оној кој е во подобра позција, мој приоритет беше тимот. Имав своевидна улога на миротворец, ги обединував. Да не беше така, ќе имаше многу поголема бура на теренот. Затоа и јас бев играчот кој беше најчесто ваден од Клоп, менаџерот знаеше дека јас немаше да фрлам шишиња ако ме извади од игра. Беше полесно да се извади Боби, наместо да се вознемири некој од нив двајца. Тоа беше најлошо чуваната тајна во Ливерпул, но таква е мојата природа. Тимот е на прво место и менаџерот секогаш го знаеше тоа, – вели Боби.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни