Фирмино изведе вистинска магија на вчерашниот натпревар против Њукасл (Видео)

mo-bobi

Бразилскиот фудбалер Роберто Фирмино не се запиша во листата на стрелците во победата над Њукасл, но имаше еден потег кој повеќе се врти на социјалните мрежи од трите погодоци кои паднаа на средбата.

Фирмино мечот го почна од клупата за резервни фудбалери, а во игра влезе во 37. минута по повредата на Дивок Ориги.

Офанзивецот одигра уште еден одличен натпревар кој го зачини со вонсериска асистенција до Мохамед Салах за третиот погодок на Ливерпул. Асистенцијата уште долго ќе се врти низ најавните шпици за Премиер лигата…

Facebook Коментари