Поврзете се со нас

Англија

Фирмино: Доминиравме и бевме најдобри во светот, се додека не се појави Симеоне!

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Роберто Фирмино одбележа една ера во Ливерпул и беше дел од најголемите успеси на тимот под водство на Јирген Клоп, односно ја освои титулата во Лигата на шампионите во 2019-та година, но и толку очекуваниот трофеј во Премиер лигата една година подоцна.

„Црвените“ изгледаа навистина несопирливо во тој период и доминираа во домашното првенство во сезоната 2019/20, но иако ја освоија Премиер лигата таа сезона, кампањата не беше целосно комплетна поради раната елиминација во Лигата на шампионите.

Атлетико Мадрид застана на патот на Ливерпул и успеа да го елиминира со две победи од 1:0 и 2:3, а Фирмино во својата автобиографија вели дека токму Чоло Симеоне ја прекинал нивната страшна доминација на европско и светско ниво.

– После 26 победи на 27 меча во домашното првенство, беше само прашање на време кога ќе ја освоиме титулата во Премиер лигата. Тоа беше сигурно, но сакавме да ја освоиме титулата без пораз. Секој викенд бележевме победи и бевме блиску до такво нешто. Но, за жал доживеавме еден мал пад кој на крајот скапо не чинеше.

– Во тој момент ја загубивме нашата доминација на европско и светско ниво. Во февруари 2020-та година отпатувавме во Мадрид и му гостувавме на Атлетико во Лигата на шампионите. Диего Симеоне ја идентификуваше нашата слабост и успеа да ни наштети, се појави тој и ја прекина нашата доминација.

– Тоа беше наш прв пораз во пет месеци, само втор таа сезона и навистина тешко ни падна. Мислевме дека сме непобедливи, а после тој пораз, почнавме да се сомневаме во себе. После мечот со Атлетико, забележавме уште три порази до крајот на сезоната, се сеќавам дека загубивме и од Ватфорд 3:0 кога имавме 18 победи во низа во Премиер лигата, – вели Фирмино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни