Поврзете се со нас

Италија

Фиорентина потврди големо засилување од Јувентус половина час по полноќ (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

Фиорентина во текот на завршниот ден од трансфер пазарот цело време преговараше со Јувентус за пронаоѓање на вистински рецепт за Николо Фаџоли, а зделката која била комплетирана во последен час, на крајот беше официјално потврдена половина час по полноќ.

Клубот од Фиренца се пофали со најголемото зимско засилување во првите 30 минути од новиот работен ден (4-ти февруари), што воедно значеше дека на крајот ги прифатил сите услови на Јувентус.

Фаџоли едноставно не доби вистинска шанса од Тиаго Мота и неговата кариера фати погрешен правец по скандалот со обложување, но сега се очекува да добие минутажа во Фиорентина, која треба да ја искористи и за перманентен трансфер.

„Виолетовите“ првично ќе исплатат 2,5 милиони евра за позајмица до крајот на сезоната, а налето ќе имаат шанса да го откупат за 16,5 милиони евра.

Тоа прави целата операција да биде заокружена на 19 милиони евра, сума која е за еден милион помала од почетната цена која ја одреди Јувентус пред почетокот на зимскиот преоден рок.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни