Поврзете се со нас

Италија

Фиорентина подготвува два спектакуларни трансфери во јануарскиот преоден рок

Објавено

на

Од таборот на Фиорентина сериозно размислуваат за засилување на офанзивните позиции во клубот со ангажирање на две одлични засилувања.

Во клубот се размислува за ангажман на Папу Гомез кој сигурно ќе си замине од Аталанта, како и на поранешниот фудбалер на Милан, Пато.

„Виола“ се поврзува со ангажман на двајцата фудбалери, а на таквите шпекулации коментар даде и Џанкарло Антоњoни кој е потпретседател во клубот.

– Досега само продававме играчи, сега ќе се обидеме да донесеме нови засилувања за да го подобриме тимот. Имињата кои се споменуваат се интересни опции, но ќе мора детално да ги разгледаме пред да ги ангажираме. Јануари не е лесен месец за ангажман на нови играчи, но ние работиме на тоа, -изјави Антоњoни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни