Поврзете се со нас

Италија

Фиорентина остана без голманот Дроговски

Објавено

на

Фиорентина наредниов период нема да може да смета на првиот голман Бартоломеј Дроговски, кој заработил повреда на дербито со Наполи.

Полските медиуми утринава потврдија дека Дроговски ги направил потребните детални прегледи и тие покажале дека мора да оди на пауза и рехабилитација.

Одличниот голман на „виолетовите“ трпел голема болка во голем дел од дуелот со Наполи, па уште по средбата било јасно дека се работи за сериозна повреда.

Првичните проценки се дека Дроговски ќе паузира околу шест недели, па во полската репрезентација ќе биде заменет од Радослав Мајецки, а во Фиорентина од Пјетро Терачано.

Во последното коло Фиорентина загуби од Наполи, а по актуелната пауза ќе се сретне со Венеција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни