Поврзете се со нас

Италија

Фиорентина купи напаѓач на Јувентус, Мота ќе ги инвестира парите во братот на Тирам

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

Фиорентина доживеа ново разочарување во едно финале и тоа го натера Винченцо Италијано да си поднесе оставка, по што веднаш стана јасно дека и клубот мора да фати друг правец.

Финалистот во Конференциската лига во новата сезона ќе биде воден од Рафаеле Паладино, а новиот тренер денеска го доби првото летно засилување, барем така пишуваат угледните италијански медиуми.

Според последните информации, Јувентус ја прифатил понудата вредна 13 милиони евра за Моизе Кен, па така Фиорентина добива нов напаѓач на местото на Андреа Белоти кој беше вратен во Рома.

Сумата од 13 милиони евра доаѓа во добра момент и за Јувентус, клуб кој исто така има големи амбиции на трансфер пазарот, особено со Тиаго Мота како нов лидер на проектот.

Досегашниот тренер на Болоња веќе знае каде ќе ги инвестира парите од Кин, бидејќи според „Тутоспорт“ главна мета е Кефрен Тирам, помладиот брат на Маркус од Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни