Поврзете се со нас

Италија

Фиорентина излезе со официјално соопштение за виталните параметри на Бове (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/acffiorentina

Два часа по немилите сцени на „Артемио Франки“, Фиорентина како клуб се огласи за здравствената состојба на Едоардо Бове и излезе со прва официјална информација, откривајќи дека подетални информации ќе се знаат во наредните 24 часа.

Прва и најважна вест е дека Бове пристигнал во стабилна состојба во болницата Кареџи по колапсот на теренот, но веднаш од медицинските лица бил префрлен на интензивна нега и ставен во фармаколошка седација.

Најважните параметри на фудбалерот се стабилни и тој се освестил при приемот во болница, а во прилог одат и направените први испитувања од страна на експертите.

– Фудбалскиот клуб Фиорентина и Универзитетската болница Кареџи соопштуваат дека фудбалерот Едоардо Бове кој бепе спасен на теренот по губењето на свеста, моментално е во фармаколошка седација и хоспитализиран на интензивна нега.

– Бове пристигна хемодинамиски стабилен во собата за итни случаи и првите кардиолошки и невролошки тестови укажаа исклување на било какви оштетувања на централниот нервен систем и кардио-респираторниот систем. Неговата состојба ќе биде повторно разгледана во следните 24 часа, – гласи објавата на Фиорентина.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни