Поврзете се со нас

Италија

Фиорентина излезе со официјално лекарско соопштение по колабирањето на Кеан (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/acffiorentina

Моизе Кеан колабираше на теренот на вчерашното гостување на „Бентегоди“ и итно беше пренесен во болницата во Верона, каде по направените детални испитувања, напаѓачот бил пуштен на домашно лекување во текот на ноќта.

Фиорентина ова утро излезе со официјално соопштение и сподели добра вест за својот напаѓач, чие бессознание се случило само како резутлат на жестокиот удар во главата кој го доби неколку моменти претходно.

– Фиорентина објавува дека Моизе Кеан е отпуштен од болницата во Верона во текот на ноќта и веќе е вратен во Фиренца. Спроведените клинички и дијагностички тестови се негативни, – стои во објавата на „виолетовите“.

Кеан ќе остане да биде опсервиран од лекарите на Фиорентина и ќе мора да мирува во наредните неколку дена, па повеќе од сигурно е дека нема да настапи на следниот натпревар против Лече.

Инаку, Фиорентина вчера го запиша третиот пораз во низа во Серија А, и тоа со примен гол од Верона во 95-та минута.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни