Поврзете се со нас

Италија

Фиорентина експресно подготви двојна награда за сензационалниот Де Хеа

Објавено

на

Foto:x.com/acffiorentina

Давид Де Хеа се врати на фудбалот после повеќе од една година и многумина имаа нејаснотии околу формата во која ќе се прикаже, но шпанскиот чувар на мрежата веднаш ги замолка скептиците со своите изданија во Серија А.

Де Хеа брзо се етаблираше како еден од најдобрите голмани во италијанскиот фудбал на стартот на сезоната, а поради страшното ниво на сигурност кое го нуди за своите соиграчи, Фиорентина сега решила брзо да го осигура и да му подготви двојна награда.

Како што јавува „Кориере дело Спорт“, водечките луѓе на Фиорентина се воодушевени од претставите на искусниот чувар на мрежата, па покрај тоа што ќе го наградат со продолжување на договор, исто така и двојно ќе му ја покачат актуелната плата.

Според изворите на „Кориере“, Де Хеа ќе добие договор до 2026-та година според кој ќе заработува по 2,4 милиони евра по сезона, што е двојно повеќе од она кое го договори изминатово лето.

Де Хеа со своите сензационални изданија и тоа како го сврте вниманието на себе во Италија, а посебно се издвојуваат двата одбранети пенали кои ги имаше против Милан, како и асистенцијата која ја запиша до Моизе Кин на натпреварот против Верона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни