Поврзете се со нас

Италија

Фиорентина доживеа голем шок во Лече, капитенот Бираги со жестока порака за соиграчите

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ACFFiorentina

Фиорентина направи пресврт на вчерашниот дуел со Лече, имаше предност до самиот финиш, но домаќините постигнаа два гола за две минути и стигнаа до победата на „Виа дел Маре“.

„Виолетовите“ останаа шокирани од епилогот и стигнаа до серија од четири натпревари без победа, а капитенот Бираги по натпреварот не бирал зборови критикувајќи дел од своите соиграчи.

– Се вративме во натпреварот, но на крајот се случи нешто што не смееме да го толерираме.

– Ова беше срамно, не смееме да се исклучиме на ваков начин, не смееме да си дозволиме таква несериозност уште еднаш. Пред две години ни се случи нешто слично против Емполи, овојпат беше уште полошо. Водевме 2:1 и имавме корнер, а неколку минути подоцна Лече победи со 3:2.

– Ваков пораз не е прифатлив ни во аматерска лига, го допревме дното, им се извинуваме на фановите, тренерот и клубот, – изјавил Бираги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни