Поврзете се со нас

Конференциска лига

Фиорентина даде седум гола во Европа на „Артемио Франки“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/acffiorentina

Фиорентина изгледа како единствен тим кој ќе може да го предизвика Челси во Конференциската лига, статус кој го потврди со уште едно уверливо издание во третото по ранг европско натпреварување.

„Виолетовите“ се уште се опоравуваат од шокот кој го режираше Едоардо Бове, но фудбалерите по се изгледа полека го забораваат немилиот инцидент и се насочуваат кон целите кои ги имаат на теренот.

Фиорентина денеска се прикажа во фуриозно издание на домашен терен и буквално го размнотира ЛАСК од Линц, бидејќи австирскиот ривал си замина со „седум парчиња“ во својата мрежа.

Тимот од Фиренца отвори со гол на Кин уште во втората минута, но иако истиот беше поништен поради офсајд, разликата во квалитет беше евидентна и ЛАСК до крајот на првиот дел прими три гола.

Сотил, Иконе и Ричардсон погодија во првите 45 минути, додека до врв мрежата на гостите ја дополнија Сотил по вторпат, Мандрагора и Гудмундсон, а автогол си даде и Стојковиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни