Финансискиот фер плеј е вистинска смешка: УЕФА не го казни ПСЖ, објасни и зошто

neki-alkelaifi

Сите најави за кои алудираа на тоа дека ПСЖ ќе добие казна за пример од страна на УЕФА за прекумерното трошење на пари во изминативе 12 месеци ова попладне пропаднаа во вода, откако првите луѓе на Европската куќа на фудбалот проценија дека францускиот шампион не направил доволно големи прекршоци за посериозна санкција.

Комисијата за истрага на исполнување на Финансискиот фер плеј уште еднаш покажа дека има двојни аршини кога се во прашање различни клубови, па така ПСЖ уште еднаш успеа да се провлече и да остане без жестока казна која според многумина беше неизбежна во овој случај. „Светците“ ги купија Нејмар и Мбапе за нестварни суми од 222 и 180 милиони евра, но некако УЕФА процени дека ПСЖ сепак не ги прекорачиле границите на Финансискиот фер плеј, излегувајќи и со бизарно објаснување за ваквата одлука.

Комисијата во своето соопштение вели дека истрагата е завршена со крајна пресуда ПСЖ да мине без казна до 30 јуни, датум до кој францускиот клуб ќе биде ослободен од сите обвиненија ако продаде фудбалери во вредност од 60 милиони евра. Ова во превод значи дека ПСЖ е видно помилуван од првите луѓе на европската куќа на фудбалот, бидејќи „светците“ веќе се во завршни преговори за продажба на Гуедеш, фудбалер со кој практично ќе биде исполнето барањето на УЕФА (се очекува Португалецот да ја засили Валенсија за сума од 50 милиони евра).

Во истото соопштение, се наведува дека ПСЖ ќе биде чист доколку го исполни ова барање до 30 јуни, инаку во спротивно ќе биде покрената нова истрага за нивното расфрлање со милиони.

 

Facebook Коментари