Финалните борби на „Златен гонг“ без македонски боксери

zlaten gong borba 2017

Македонските боксери беа поразени во полуфиналните мечеви на 47. издание на турнирот „Златен гонг“ што се одржува во Скопје, а финалните почнуваат денеска во 11 часот во малата сала на спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Денис Муаремовски (60 кг.) беше поразен од Кренер Зенели (Албанија), додека во истата категорија Јасин Љама загуби од Матео Комадина (Хрватска).

Љулзим Исмаили (69 кг.) загуби од Лазар Станојевиќ (Србија), а во второто полуфинале Алим Насуфи е поразен од Хазирај Венхард (Косово).

zlaten gong 2017

Facebook Коментари