Поврзете се со нас

Европски првенства

Финалето на Европското првенство во 2028 година може повторно да се игра на „Вембли“

Објавено

на

Фудбалските асојации од Велика Британија и таа на Република Ирска потврдија дека ќе бидат кандидати за организација на Европското првенство во 2028 година.

Асоцијациите на Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска и Република Ирска првично најавија дека ќе се обидат да ја добијат организацијата на Светското првенство во 2030 година, но сега решија да се откажат од мундијалот и да се фокусираат на ЕП 2028 година.

Доколку кандидатурата биде прифатена, финалето веројатно повторно би се играло на „Вембли“, каде се играа најважните натпревари и на последното ЕП, кое официјално беше организирано во повеќе земји.

Британската влада ја поддржа кандидатурата, што било и основен услов за асоцијациите да влезат во трката за Европското првенство по шест години.

ЕП во 2024 година ќе се одржи во Германија, а Англија беше самостоен организатор во 1996 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни