Поврзете се со нас

Лига на нации

Финалете во Лигата на нации предизвика бура од реакции: Голот на Мбапе ја разгневи цела Шпанија (Видео)

Објавено

на

Франција е победник на второто издание во Лигата на нации, но титулата на која ќе се радуваат „триколорите“ ќе биде оспорувана уште извесно време, барем од шпанските медиуми кои почнаа со „рафалот“ од критики уште пред да биде означен крај на мечот.

Тимот на Луис Енрике поведе во финалето на „Сан Сиро“ со голот на Ојарзабал, но радоста на Шпанците траеше навистина кратко, бидејќи веќе во слендиот напад, Карим Бензема постигна спектакуларен гол за 1:1 и враќање се на почеток.

Ова се случи во периодот од 64-та до 66-та минута, но клучниот момент следеше 14 минути подоцна кога Килијан Мбапе постигна гол за 2:1. Од сите забавени снимки и понудени фотографии, се добива впечаток дека Килијан е во очигледен офсајд, но луѓето од ВАР собата не го коригираа помошникот на Тејлор и погодокот остана важечки.

Шпанците имаа протести уште на теренот, но далеку побурно е во јавноста каде преку електронските изданија веќе се збогува за голем „грабеж“ во големото финале.

„Фуријата“ до крајот создаде уште две стопроцентни шанси за 2:2, но сепак во херој за Франција се претвори Уго Лорис со две блескави интервенции кои оневозможија продолженија, а воедно и ја донесоа титулата на Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни