Поврзете се со нас

Свет

Финале за паметење: Порто губеше 3:0 од Спортинг, но на крајот направи чудо и победи (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCPorto

Суперкупот е натпреварување кое обично е предвесник на најелитните национални првенства во Европа, па така вчера финални натпревари се играа во Турција и Португалија.

Турскиот Суперкуп заврши со преубедлива победа на Бешикташ кој го понижи Галатасарај со 5:0, но далеку понеизвесно беше во Португалија каде фановите беа сведоци на финале за паметење.

Актуелниот португалски првак Спортинг отвори на најдобар можен начин и постигна три гола до 24-та минута, но иако Порто изгледаше грогирано, тимот од „Драгао“ успеа да одговори.

Спортинг леташе на теренот по погодоците на Инасио, Гонкалвеш и Куенда и се чинеше дека ќе му нанесе историска бламажа на лутиот ривал, но наместо тоа, ова финале ќе се памети по нестварниот пресврт.

Порто се врати во игра до крајот на првиот дел преку Галено, а во второто полувреме имаше само еден тим на теренот. Порто притисна со сите сили и израмни на 3:3 преку Нико и Галено, а и во регуларниот дел беше тимот кој беше поблиску до четврти гол.

На крајот, финалето беше решено во дополнителни 30 минути игра, а таму како клучен се покажа погодокот на Иван Хаиме за ерупција од радост, а подоцна и титула за играчите на Порто.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни