Поврзете се со нас

Германија

Филкруг се претвори во херој со хет-трик, Борусија ги прескокна Елмас и Лајпциг на табелата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Борусија Дортмунд имаше шест бода помалку од Ред Бул Лајпциг на стартот на вториот дел од сезоната, но по ангажманот на Џејдон Санчо, „милионерите“ заиграа во вистински ритам и сега се искачија на четвртото место на табелата.

Лошата форма на новиот тим на Елмас се надоврза со позитивна серија на резултати на „милионерите“, кои денеска успеаја да запишат нова победа благодарение на расположениот Филкруг.

Напаѓачот на Борусија постигна хет-трик во победата од 3:1 над Бохум и прерасна во вистински херој на оваа средба, па со тоа спречи негов соиграч да биде голем трагичар.

Шлотербек со катастрофална реакција си постигна автогол и го врати Бохум во игра во првиот дел, но во продолжение следеа уште два гола на Филкруг за триумф на „жолто-црните“.

Со третата победа во низа, Борусија сега е на четвртото место и има три бода повеќе од Лајпциг, кој пак е во серија од три последователи порази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни