Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Филкруг: Борусија ќе биде фаворит на финалето во една гледна точка

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Борусија Дортмунд влегува како аутсајдер во големото финале во Лигата на шампиони, но играчите на германскиот тим се свесни дека можат да му нанесат штета на било кој тим во меч кој трае 90 или 120 минути, па затоа веруваат дека добро ќе се носат со Реал Мадрид.

Големиот шпански клуб ќе ја брка 15-та титула во најелитното европско натпреварување, па ако влегува како голем фаворит на теренот, мора да се признае дека нема да биде така на трибините.

„Жолтиот ѕид“ се очекува да се префрли на „Вембли“ во сабота и богата армија навивачи на Борусија сигурно ќе биде огромна поддршка за избраниците на Един Терзиќ, нешто во што е сигурен и напаѓачот Никлас Филкруг.

– Реал е фаворит на теренот, но ние сме апсолутни фаворити во една гледна точка, а тоа е навивањето на трибините. Цела Европа ја знае нашата фан база и нашите навивачи. Она што го доживеавме оваа сезона на домашен терен, не може да се доживее на ниту еден друг стадион во Европа, – вели Филкруг во интервјуто за „Марка“, во кое не пропушти да го потенцира и дуелот кој ќе го води со својот репрезентативен колега, Тони Ридигер.

– Тони е тип кој навистина ме воодушевува. Навистина ми се допаѓа бидејќи е чесен и искрен на теренот, без оглед на тоа што е агресивен во секој дуел. Тој секогаш оди директно на вас и изгледа како да ќе ве убие. Но, ако ги гледате моите натпревари, јас исто така сакам физичка игра и уживам да играм со такви противници. Ќе видиме што ќе се случи на теренот, – потенцира првиот напаѓач на „милионерите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни