Поврзете се со нас

Англија

Филипс им покажа среден прст на фановите на Вест Хем (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/WestHam

Вест Хем вчера прокоцка сериозна предност и загуби на гостувањето кај Њукасл, а фановите на лондонскиот клуб биле бесни на играчите, за кои имаат многу замерки за односот на теренот во решавачките моменти.

На удар на фановите бил и Калвин Филипс, кој дојде како засилување од Манчестер Сити во зимскиот преоден рок, но вчера имаше кошмарен настап. Дејвид Мојс го уфрли како освежување во завршницата, но тој се истакна правејќи пенал за ривалот, а потоа и со слабите реакции при головите на Барнс за целосен пресврт.

Ѕвездата на лондонскиот тим ги загуби нервите и реши да возврати на критиките и навредите по средбата, а со своето однесување предизвика голем скандал.

Качувајќи се во клупскиот автобус, повремениот англиски репрезентативец им покажал среден прст на фановите, а медиумите тврдат дека не се штедел и во однос на пцовките упатени кон оние кои биле од другата страна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни