Филипинците со огромен мурал се простија од Брајант (ФОТО)

kobi-djijana

Светот и понатаму се простува од еден од најголемите играчи во историјата на кошарката Коби Брајант кој во неделата го загуби својот живот во хеликоптерска несреќа која се случи во Калифорнија.

Фановите ширум светот се уште не можат да поверуваат дека нивниот идол повеќе го нема, па овие денови можевме да видиме голем број на различни реакции. Луѓето на Филипините сепак се чини сите ги надминаа и на еден терен за кошарка создадоа црно-бел мурал на кој се Коби и неговата ќерќа Џијана која исто беше меѓу жртвите во трагичниот настан.

На црниот ѕид крај аут-линијата воедно се напишани бројни пораки од фановите кои заеднички тагуваа поради загубата на „црната мамба“.

Facebook Коментари