Поврзете се со нас

Шпанија

Филипе Луис за Азар: Му фали амбиција, играше игрици на пет минути до натпревар

Објавено

на

Бразилскиот интернационалец Филипе Луис се отвори на неколку интересни теми за реномираниот британски медиум „Дејли Мејл“, а меѓу другото стана збор и за некогашниот соиграч од Челси, Еден Азар кој сега го носи дресот на Реал Мадрид.

Белгиецот се мачи во таборот на „кралевите“ и воопшто не личи на играчот од Челси каде имаше неколку импресивни сезони кои му овозможија трансфер на „Сантијаго Бернабеу“. Меѓутоа имаше и моменти каде Азар беше лош, не беше константен, а според Луис тоа се должи затоа што офанзивецот знае да биде премногу опуштен, да не тренира онака како што треба, поточно да го загуби фокусот.

-Еден, заедно со Нејмар, се најдобрите играчи со кои имам играно, тие се заедно на врвот со Меси. Не тренираше како што треба, на пет минути пред натпреварите тој играше Марио Карт во соблекувалната. Ќе се загреваше без да ги врзе копачките. Никој не можеше да му ја земе топката.  Ќе издриблаше тројца-четворица играчи и сам ќе го решеше натпреварот.

-Азар има толку многу талент. Можеби му недостасува малку амбиција да каже: ќе бидам најдобриот играч на светот. Затоа што можеше да биде, -истакна Филипе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни