Шах
Филип Михов „го украде шоуто“, Македонија има нов шампион!
Филип Михов стигна до шампионската титула на Македонија во сениорска конкуренција, победувајќи на Отвореното првенство во шах кое се одржа во Струга.
Шахистот на најуспешниот македонски клуб, ШК Алкалоид, се издвои на врвот на табелата освојувајќи седум бода во девет партии, при што во последните три партии освои цел поен против Андреј Вељановски и Горан Главинац кои беа меѓу првите што се наметнаа на врвот на табелата, а во последното коло ремизираше со ИМ Никола Николовски.
Михов на претходното Отворено првенство на Македонија 2019 имаше изборено пласман на завршницата односно за таканареченото Затворено државно првенство на кое според актите на ШФМ треба да се круниса државниот шампион, но тоа федерацијата не успеа да го организира (иако организира меѓународни натпревари и шампионати за јуниори).
Овој успех е уште еден во низата за шахистот со штипско потекло, кој како освојувач на медал од Информатичката олимпијада сега е студент на Оксфорд и по титулата младински шампион од 2017 година, сега во својата колекција ја додава и сениорската титула, со што направи исчекор и се доближи кон шаховскиот наслов ФИДЕ Мајстор.
Фото: Филип Михов и ИМ Тони Лазов (ШК Алкалоид)
-
Англија19 часа
Фудбалер на Јунајтед со нова разочарувачка вест: Боли што мора да го напишам ова…
-
Евролига23 часа
Белград ќе чека нова шанса, Ф4 турнирот во Евролигата првпат ќе биде организиран надвор од Европа
-
Светски првенства23 часа
ФИФА ги одреди шеширите за ждрепката за Светското клупско првенство
-
АТП21 час
Мајката на Циципас: Ѓоковиќ е Босанец, но избрал да биде Србин
-
Шпанија20 часа
Барселона со „петка“ ја прекина лошата серија, фановите воодушевени од асистенцијата на Јамал (Видео)
-
Германија20 часа
Нојер го доби првиот црвен картон во кариерата на Куп дербито со Баер (Видео)
-
Шпанија19 часа
Флик по триумфот на Барселона: Фала богу што дојде декември
-
Македонија22 часа
Омерагиќ ќе биде единствен кандидат за претседателското место во ФФМ