Поврзете се со нас

Свет

Филип Лазаров ги пропушта подготовките на Ратинген поради коронавирус

Објавено

на

Поранешниот македонски репрезентативец Филип Лазаров во текот на денешниот ден стана главна вест во ракометна Германија, бидејќи нашиот бек имал позитивен корона тест при враќањето во Германија.

Лазаров кој имал негативен тест во Македонија, седел до сопатник кој бил заразен со коронавирус, па тестот кој му бил направен во Германија бил позитивен на КОВИД 19.

Директорот на Ратинген ја потврди ваквата вест за германските медиуми и порача дека се преземени сите епидемиолошки мерки за претпазливост, а објавено е дека сопругата и неговиот син се негативни на тестирањето.

Поради позитивниот тест, Филип Лазаров мора да мине задолжителен период во самоизолација, пред да добие два негативни теста по кои би се вратил на обврските.

Во меѓувреме, Ратинген е на подготовки пред сезоната во Холандија, а истите ќе ги пропушти поради непланираните проблеми со вирусот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни