Филип Јиха се враќа во Кил

Filip_Jiha_so_Rajn_Nekar_Leven

Неколку месеци откако објави крај на професионалната ракометна кариера, Филип Јиха се враќа во редовите на својот поранешен клуб Кил.

Тренерот на бундеслигашот, Алфред Гисласон, денеска објави дека Чехот ќе му биде нов асистент, а соработката ќе започне од подготовките за новата сезона.

Јиха ги доживеа најдобрите моменти во кариерата токму во редовите на Кил, настапуваше за германската екипа меѓу 2007 и 2015 година, освои два трофеи во Лигата на шампоните, а во 2010 година беше прогласен за најдобар играч во светот.

Facebook Коментари