Поврзете се со нас

НБА

Филаделфија ќе се бори за титула: Ембид доби „суперстар“ како големо засилување (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/sixers

НБА драфтот секоја година е најава за големи раздвижувања во НБА лигата, па така и овој месец јули стартува со една голема трансфер „бомба“.

Пол Џорџ во иднина нема да го носи дресот на Лос Анџелес Клиперс и се сели во нова амбицизна франшиза, и тоа за максимален договор од 212 милиони долари.

Угледниот новинар Адријан Војнаровски информира дека Џорџ ќе биде нов соиграч на Џоел Ембид во Филаделфија, па заедно со него и Тајрис Макси, „сиксерси“ ќе се обидат да бидат дел од битката за титулата.

Иако имаше опција да продолжи со Клиперси, Џорџ на крајот одлучил да слуша и други понуди, а проектот на Филаделфија бил оној кој најмногу му се допаднал.

Клучно во преговорите било тоа што Филаделфија му понудила четиригодишен договор, па така Џорџ си обезбеди мирна завршница на НБА кариерата (во моментов има 34 години).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни