Поврзете се со нас

НБА

Филаделфија го понижи Хјустон, Клиперси славеа против Оклахома

Објавено

на

Еипата на Филаделфија славеше убедлива победа на последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната против Хјустон со 134:96.

И двата тима играа со своите втори постави откако тренерите се одлучија да ги одмараат клучните играчи во пресрет на плеј-офот.

Во таква поставеност на теренот, кај победничкиот тим Тобијас Херис постигна 18 поени, додека Алек Брукс запиша 16 поени.

Харден доби шанса да игра 26 минути и за тоа време постигна 27 поени и десет асистенции.

Хјустон заврши како четврти на Западот и ќе игра против Оклахома, додека Филаделфија во плеј-офот ќе се сретне против Бостон.

Лос Анџелес Клиперс славеше победа против Оклахома Сити со 107:103 во натпревар во кој исто така шанса добија играчи кои не играат често во првиот тим.

Клиперси беа без Кави Ленард, Пол Џорџ и Лу Вилијамс, но сепак стигнаа до победата предводени од младиот ТЕренс Ман кој постигна 25 поени.

Клиперси во плеј-офот ќе играат против Далас Маверикс, додека Оклахома ќе се соочи со Хјустон Рокетс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни