Поврзете се со нас

НБА

Филаделфија го обезбеди седмото место на Истокот, разиграниот Коби му овозможи уште една плејоф шанса на Чикаго (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/sixers

Кошаркарите на Филаделфија Севентисиксерс обезбедија место во разигрувањето за титулата во НБА лигата, поточно официјално ја минаа плејин фазата со триумфот над Мајами Хит од 105:104.

Филаделфија ја искористи предноста на домашниот терен и со пресврт во второто полувреме дојде до триумф со кој е обезбедено седмото место на Истокот кое ги води во плејоф соочување со Њујорк Никс. Ембид имаше дабл-дабл од 23 поени и 15 скока, Макси додаде 19, а изненадување беше ветеранот Батум кој од клупата уфрли шест тројки од десет обиди, односно на крајот заврши со 20 кошеви.

Кај Хит кои ќе имаат уште една шанса да дојдат до плејофот или во случајот осмата позиција, Хиро беше прво име со 25 поени 9 асистенции.

Мајами за место во наредната фаза ќе се борат со Чикаго Булс кој и пресуди на Атланта Хокс. „Биковите“ триумфираа со 131-116 во дуел во кој незадржлив беше Вајт со рекордни во кариерата 42 поени, Вучевиќ и Дероузен пак искомбинираа 46 кошеви.

Четворица играчи на „јастребите“ имаа +20 поени, Мареј беше прв на листата со 30 кошеви.

Со овој пораз Атланта и официјално ја заврши актуелнава сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни