Поврзете се со нас

Англија

Фил Невил за соочувањето со Фергусон: Кога почна да ги игра Џемба-Џемба и Клеберсон…

Објавено

на

Фил Невил за разлика од неговиот брат Гери не успеа целата своја кариера да ја мине во Манчестер Јунајтед иако тој беше дете на клубот од „Олд Трафорд“.

Фил долго време му служеше на Јунајтед, повеќе од една деценија беше дел од првата екипа исполнувајќи ги сите задача на легендарниот сер Алекс Фергусон, но едноставно во сезоната 2004/2005 му „пукнал филмот“ откако големите утки Ерик Џемба и Клеберсон почнале да добиваат шанси пред него, па тој одлучил да се соочи со тогашниот тренер во неговиот дом.

-Тоа веројатно беше во последните 18 месеци, каде играњето еднаш на секои две или три недели, или еднаш на секои два или три натпревари не беше доволно за мене. Имав 27, 28 години, тоа го прифаќав во поголемиот дел од кариерата со одлични играчи околу мене.

-Тогаш, имавме неколку играчи кои дојдоа како Клеберсон, [Ерик] Џејмба-Џемба и тие почнаа да играат пред мене, и тоа беше вистински повик за будење, не сакав повеќе тоа да го прифатам. Зборував со Сер Алекс. И двајцата сметавме дека е тешко и се согласивме дека веројатно е најдобро за мене како индивидуа да си заминам, -истакна Фил кој премина во Евертон каде и остана до крајот на кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни