Фиго посочи кои две репрезентации се јасни фаворити на Мундијалот во Русија

luis-figo-32883283289

Португалската  фудбалска легенда Луис Фиго даде свое мислење за Светското првенство следната година во Русија.

Поранешниот португалски репрезентативец, кој ги носеше дресовите на Барселона и Реал Мадрид, верува дека Шпанија и Португалија се јасни фаворити по ждрепката за мундијалската завршница.

– Португалија и Шпанија е фаворити, не само во своите групи, туку на целото натпреварување. Сепак, мора да се има предвид дека и други тимови можат да изненадат – кажа Фиго на настан на неговата фондација во Лисабон.

45-годишникот додаде дека Португалија се паднала во една од најтешките групи, но има еден од најдобрите тимови на денешницата. Шпанија и Португалија се заедно во групата Б, покрај Иран и Мароко.

 

Facebook Коментари