Поврзете се со нас

Англија

Фиго отворено за трансферот на Роналдо во Манчестер Јунајтед: Во последниот дел од кариерата…

Објавено

на

Легендарниот португалски фудбалер, Луис Фиго верува дека Кристијано Роналдо донел правилна одлука кога се решил да се врати во редовите на Манчестер Јунајтед.

Роналдо ова лето по цели 13 години се врати на „Олд Трафорд“, а според првично покажаното ќе биде големо засилување за тимот на Оле Гунар Солскјер во сезоната што претстои.

Фиго верува дека неговиот сонародник воопшто не згрешил што го напуштил Јувентус и што се вратил во позната средина каде се чувствува сакан од навивачите.

– Мислам дека Манчестер Јунајтед е најдобриот избор за Кристијано. Тоа е место кое го знае, тој има историја во овој клуб, а фановите го сакаат.  Сметам дека е најдоброто место каде може да биде во последниот дел од неговата кареира, -изјави Луис Фиго.

Екс офанзивецот на Јувентус и Реал Мадрид веќе постигна четири погодоци во исто толку натпревари колку што одигра во дресот на Манчестер Јунајтед на стартот на оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни