Поврзете се со нас

Свет

Фиго: Никој ме нема понижено како Манчини во Интер!

Објавено

на

Луис Фиго во видео разговорот кој го имаше со Фабио Канаваро на социјалните мрежи сподели многу убави спомени од својата играчка кариера пред милионите фанови кои го следеа видео вклучувањето во живо, но покрај тоа што пред се говореше за незаборавната етапа која ја мина во Реал Мадрид, легендарниот Португалец проговори и за своето најлошо фудбалско искуство.

Истото доаѓа од самиот крај на неговата играчка кариера, кога Фиго направи трансфер во Интер и мина четири години во Милано пред да одлучи да се пензионира. Португалецот открива дека на почетокот имал навистина одличен престој во Интер и уживал во Италија, но потоа значително ги расипал односите со тренерот Манчини за кого вели дека го понижил како никој во кариерата.-

– На почетокот имав навистина убаво искуство во Интер, но потоа имав лошо искуство со Манчини. Кога велам многу лоша, тоа е од хуман аспект. Манчини е личноста која најмногу ме понижи во фудбалот, никој не ме понижи така во кариерата. Навистина патев, немав 20 години, имав 34 или 35 години. Доживеав ситуации кои не требаше да ги доживеам после се што направив.

– Не зборувам за тоа дали играв повеќе или помалку, во таа етапа од кариерата, знаете дека може да се случи тоа. Јас зборувам за тоа што ме испраќаше на загревање 85 минути и ми даваше само три минути за да променам нешто. Тоа не е нормално, недостасуваше почит и едукација од негова страна. Нашиот однос не остана ист после тоа, – открива Фиго.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни