Шпанија
Фиго не го поддржува најважниот проект на Флорентино: Никогаш нема да бидам „ЗА“ такво нешто
Луиш Фиго беше фудбалерот кој предизвика вистински потрес во Шпанија на почетокот на новиот милениум, бидејќи на средина на 2000-та година реши да ја замени Барселона со најлутиот можен ривал од Шпанија.
Фиго прерасна во голема ѕвезда на Реал Мадрид и склучи договор со Флорентино Перез, човекот кој беше претеседател на Реал во негово време, но кој е најдоговорен за случувањата во клубот и денеска.
Во ексклузивното интервју за „Марка“, Фиго обелоденува дека во цела своја етапа во Реал имал доста спротивставени мислења со Перез, па затоа нема проблем да признае дека воопшто не му го одобрува неговиот проект наречен „Суперлига“.
– Никогаш нема да бидам за Суперлигата. Сакам натпревари кои се чесни и турнири на кои се игра поради спортски заслуги. Јас сум човек на Реал Мадрид и немам ништо против клубот, ако не се согласувам со Флорентино, не значи дека сум против клубот. Јас ја гледам оваа ситуација од моја гледна точка. Се навраќам во минатото…. Јас почнав во Спортинг, а со турнир како Суперлигата, играчи како мене нема да можат да ја играат. Мојот сон беше да заиграм во Лигата на шампионите, не можам да бидам за Суперлигата. Со такво натпреварување, младите играчи нема да добијат шанса да се изборат за дуел со најдобрите. Исто така, Суперлигата ќе ги убие домашните првенства, што би се случило со Осасуна и со другите такви клубови? Затоа никогаш нема да бидам за Суперлигата.
– Имам почит кон Флорентино, секогаш било така, но исто така имало и многу работи во кои не сме се согласувале. Дури и кога бев играч во Реал, не се согласував со него и му го кажував тоа во лице. Ако нешто не ми се допаѓа, мислам дека е најдобро да ти го кажам в лице. Не сум оженет со никого, сакам да бидам слободен во размислувањето. Јас и натаму го поддржувам Флорентино за се она што го прави за Реал. Тој беше човекот кој ме донесе во Мадрид, но и човекот кој ми кажа „сега мора да си одиш“. Имаме политички и спортски коректен однос, – открива Фиго.
-
Англија16 часа
Слот: Не ми е жал за Гвардиола
-
Италија14 часа
Одлични вести од Италија: Лекарите го екстубирале Бове, фудбалерот почнал да одговара на првите прашања
-
АТП16 часа
Последниот тениски танц во Буенос Аирес донесе многу солзи: Ѓоковиќ и Дел Потро заедно плачеа на теренот (Видео)
-
Свет15 часа
Херојски чин: Рики Пуч асистираше за финале со скинат преден вкрстен лигамент! (Видео)
-
Англија14 часа
Две ѕвезди на Јунајтед сами се прецртаа за дербито со Арсенал (Фото)
-
Англија15 часа
Поранешна ѕвезда на Арсенал: Артета ми порача дека сум му забил нож во грб, па потоа завршив во Челси
-
Европски првенства5 часа
Две различни полувремиња: Македонија со пораз го заврши настапот на ЕП
-
Франција10 часа
Хесе: Ал Келаифи повеќе ја сакаше мојата сопруга отколку мене………..