Фиго: Му простив на Роналдо за тоа што го кажа за мојата сопруга

figo-helen

Луис Назарио де Лима Роналдо пред три години во едно интервју за шпанската телевизија „Антена 3“ посочи дека нема да имал толку бурни ноќи во Мадрид ако имал сопруга каква што има Луис Фиго, речница која всушност незаборавниот бразилски напаѓач му ја кажал на Флорентино Перез кој своевремено се обидел да го спречи во пречестите излегувања во ноќните клубови.

Популарниот „Ил Феномено“ стана топ тема со својата изјава за атрактивната Швеѓанка Хелен Сведин која и натаму работи како модел, но сега, одговор на ова прашање добивме и од незаборавниот португалски фудаблски мајстор, кој во студиото на истата телевизија гостуваше со својата сакана сопруга.

figo-roki

– Му простив на Роналдо а тоа што го кажа за мојата сопруга, бидејќи знам дека тој секогаш сака да се шегува. Знаев за таа изјава, но всушност тој го има искоментирано истото и пред сите играчи во соблекувалната. Како и да е, тој не знае дека јас излегував надвор кога мојата сопруга ќе заспиеше во креветот, – шеговите и низ смеа искоментира Фиго кој со Хелен е во брак од 2001-ва година и со неа има три деца.

figo-helen1

 

 

Facebook Коментари