Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фиго издвои клучен играч за полуфиналното миланско дерби: Типувам на него

Објавено

на

Foto:instagram.com/luis__figo

Луис Фиго веќе нагласи дека не го гледа Реал Мадрид како фаворит за титулата во Лигата на шампионите и тоа го повтори и пред полуфиналето со Манчестер Сити, но поради неговото минато во Италија, Португалецот даде коментар за натпрварот кој го очекуваат сите на „чизмата“.

Утре се игра европското дерби меѓу Реал и Сити на „Бернабеу“, додека во среда во Италија силите ќе ги одмерат градските ривали Интер и Милан во првиот од двата предвидени натпревари.

Фиго во минатото беше дел од Интер и добро знае каква тензија носи градската пресметка, уште повеќе во едно полуфинале во најелитното натпреварување.

– Горд сум што го носев дресот на Интер и горд сум што италијанскиот фудбал има два претставници во Лигата на шампионите. Се може да се случи во едно миланско дерби, играв на многу од нив и секогаш беше тесно и тензично. Очекувам два возбудливи натпревари во полуфиналето.

– На вакви израмнети натпревари, стрелците на головите ќе бидат најважни, затоа ќе кажам дека Лаутаро Мартинез ќе биде клучен на овој двомеч. Деталите решаваат во Лигата на шампионите и типувам дека Аргентинецот ќе биде човекот на одлука. Тој созреа и има потребен карактер за вакви натпревари, – вели Фиго во интервјуто за „Газета“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни